Дизелот од полноќ поскап за 2,5 денари, цената стигна до рекордни 104,5 денари
Од ноќеска на полноќ ново поскапување на дизел горивото во земјава.
Малопродажната цена на дизелот ќе се зголеми за 2,5 денари и од утре ќе се продава по рекордни 104,5 денари за литар
Цените на бензините остануваат исти. Еуросупер 98 ќе се продава по 112 денари, а Еуросупер 95 за 110 денари по литар.
Не се менува ниту цената на мазутот, таа останува 55,5 денари, додека цената на екстра лесното масло се зголемува за 3 денари и сега таа ќе изнесува 102,5 денари по литар.