ДЗР ќе им ги запре парите на политичките партии што не поднеле извештај како ги трошат
Политичките партии кои нема да ги поднесат финансиските извештаи за 2024 година, ќе влијаат негативно на степенот на отчетност, транспарентност и јавност во трошењето на јавните средства обезбедени од Буџетот за политичките партии и ќе го нарушат угледот на Македонија пред мониторинг телата на Европската Унија и меѓународната заедница во целина, порачуваат од ДЗС.
Државниот завод за ревизија (ДЗР) ќе им ги запре парите на политичките партии што не поднеле извештај како ги трошат иако тоа им е законска обврска.
Со поглед на констатираната фактичка состојба на финансиско известување за 2024 година, ДЗР укажува на потреба од итно постапување на политичките партии кои заклучно со 30.3.2025 година се уште не ги поднеле сите или некои од погоренаведените финансиски извештаи. ДЗС ги повикува ИТНО да ги достават, бидејќи во спротивно, а согласно своите законски надлежности, ДЗР ќе поднесе предлог до министерот за правда за донесување Одлука за запирање на исплатата на средствата за редовно годишно финансирање од Буџетот на Македонија за оваа година.