
ДЗР: Од 2018 година со Државниот инспекторат за градежништво раководат В.Д. директори
Откако во 2018 година, само три месеци Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам бил раководен од директор со решение, и тоа само три месеци, во оваа установа се смениле повеќе директори кои имале статус на вонредни директори, констатира Државниот завод за ревизија, иако законски е дозволено само шест месеци институциите да имаат В.Д. директор, до избор на нов.
Откако во 2018 година, само три месеци Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам бил раководен од директор со решение, и тоа само три месеци, во оваа установа се смениле повеќе директори кои имале статус на вонредни директори, констатира Државниот завод за ревизија, иако законски е дозволено само шест месеци институциите да имаат В.Д. директор, до избор на нов.
„Ревизијата истакнува дека последен пат директор на ДИГУ е именуван во 2018 година со Решение29 од 20.02.2018 година и истиот е разрешен на 15.05.2018 година30. До моментот на вршење на ревизијата, функцијата на директор ја обавуваат вршители на должност назначени со Решенија од страна на Владата и тоа за периоди подолги од шест месеци, со што се создава ризик раководењето со ДИГУ да биде извршувано од страна на лица кои не ги исполнуваат законски дефинираните услови“, забележуваат ревизорите.
Тое забележуваат и дека во инспекторатот фалат инспектори, всушност има само два, а потребни се осум, но Министерството за финансии не давало согласност за нови вработувања, иако е констатирано и дека еден од инспекторите исполнува услови за пензија.
„Од извршениот увид во документацијата и предметите од извршените инспекциски надзори ревизијата утврди дека:
– од систематизирани 19 работни места за инспектори, во 2024 година спроведувањето на инспекцискиот надзор го вршат 5 инспектори и тоа, три во областа на градежништвото, од кои едно работно место – градежен инспектор од месец август 2024 година е ставено во мирување и два во областа на урбанизмот. Ревизијата истакнува дека во моментот на вршење на ревизијата, инспекцискиот надзор во областа на градежништвото се спроведува од страна на еден инспектор, кој до крај на 2025 година се стекнува со право на старосна пензија, со што ДИГУ останува без градежни инспектори, односно без можност од спроведување на инспекциски надзор во областа на градежништвото;
– од страна на ДИГУ извршен е инспекциски надзор од областа на урбанизмот за што се донесени акти за утврдени неправилности и тоа во: постапка за изработка на ДУП, урбанистички проект вон опфат на УП со намена Г, изработка на архитектонски урбанистички проект на КП, неправилности при изборот на членови на Комисии за урбанизам, како и за донесени УП во општините без партиципативно тело и сл. Од извршениот увид во 14 предмети каде општината се задолжува да преземе мерки за отстранување на утврдените неправилности, до моментот на вршење на ревизијата постапено е само по четири предмети;
– од страна на градежните инспектори извршени се вонредни инспекциски надзори од областа на градежништвото за што се донесени Решенија за неправилности кои не се утврдени при вршење на надзор од страна на овластените градежни инспектори при општините, како и неправилности онаму каде што не е извршен надзор од страна на овластените градежни инспектори. При тоа, од страна на градежните инспектори изречени се инспекциски мерки како задолжување на овластените градежни инспектори за спроведување на вонредни инспекциски надзори за отстранување на утврдените неправилности и недостатоци. Со увид во 17 предмети за извршен инспекциски надзор од страна на ДИГУ, кај 6 предмети се утврдени неправилности кои се однесуваат на бесправно изградени објекти. До моментот на вршење на ревизијата, од страна на општините постапено е само по четири предмети, а за еден предмет поради непреземени мерки од страна на овластениот градежен инспектор истиот е доставен до МВР за понатамошно постапување.
Во насока на остварување на надлежноста за вршење на инспекциски надзор од областа на градежништво и урбанизам, а имајќи ги предвид горенаведените состојби, ревизијата ја истакнува потребата од кадровско екипирање на инспекциската служба како и зајакнување на соработката и координацијата помеѓу сите засегнати.
Целиот извештај прочитајте го тука