ДЗР: Државата за четири години добила само 1% од ископ на мермер
Државниот завод за ревизија објави извештај во кој се констатира дека во периодот од 2018 до 2022 година државата заработила само 1,7 милиони евра што претставува само еден отсто од продажбата на најквалитетниот мермер. Останатите 99 отсто од бизнисот е заработка за концесионерот.
Дополнително, констатирано е дека надлежните институции не обезбедувале целосна сигурност за оптимално користење на минералните суровини, потоа немало навремена наплата на концесискиот надоместок, ниту пак ефикасен надзор при склучувањето на договори.
За подобрување на состојбата дадени се препораки до надлежните институции.