ДЗР: Бирото за развој на образованието пет години со в.д. директор

Државниот завод за ревизија констатирал дека за раководење на Бирото е именуван в.д. директор кој ја извршувал функцијата над пет години.

Државниот завод за ревизија констатирал дека за раководење на Бирото е именуван в.д. директор кој ја извршувал функцијата над пет години.

„Директорот и заменикот на директорот на Бирото на предлог од министерот за образование и наука со објавен јавен оглас ги именува и разрешува Владата, со мандат од четири години. Во текот на 2023 година со Бирото раководат двајца в.д директори кои не се именувани по објавен јавен оглас со мандат од 4 години како што предвидува членот 20 став 3 и 4 од Законот за Бирото за развој на образованието. Претходниот директор ја извршувал функцијата в.д. директор, заклучно со 18.07.2023 година, во времетраење од 5 години и 3 месеци. Оваа состојба укажува на постапување кое е не е во согласност со законски утврдениот начин за избор на директор“, забалежале ревиозрите.

Во понатамошните забелешки ревизоирите нотирале дека извршени се исплати за надоместоци за надворешни соработници врз основа на правилници кои се донесени во претходниот период, чие усвојување е во надлежност на министерот за образование и наука.

Конкурсите кои се распишуваат за избор на надворешни соработници содржат критериуми кои овие лица треба да ги исполнуваат, кои се различни од критериумите наведени во интерните акти.

Исто така, постојат непрецизности, велат ревизорите во начинот на пресметка на надоместоците на ангажираните надворешни соработници.

Донесените интерни акти се од општ карактер и не нудат доволно конкретни насоки во врска со начинот и контролата и ангажирањето на стручните надворешни лица и вработените лица во Бирото.

„Врз основа на овие интерни правилници (Бирото донело три) по основ исплата на надоместоци на ангажираните надворешни стручни соработници Бирото во 2023 година има исплатено средства во износ од 13.160 илјади денари.“

ДЗР препорачува обаа обврска Бирото да ја исполнува со одобрување од министерот за образование, на предлог на директорот, а не како досега каде сите Превизлници се донесени од претходните директори на Бирото.

Поради недостаток на финансиски средства не постои можност за реализација на обуките на наставниците во основно и средно образование во законски предвидениот обем и
не се спроведуваат активностите и функцијата внатрешна ревизија.

„Во 2023 година спроведена е една постапка за акредитација на обука и понудувачи на услуги и истата е спроведена за потребите од обука на наставници во средните училишта при што со оваа обука биле опфатени 2.925 наставници од средните училишта во земјата, а истата претставува единствена акредитирана обука спроведена во текот на 2023 година. На овој начин опфатени се само 41,5 % од вкупниот број на наставници во средните училишта и истата била во времетраење од 8 часа од планираните 60 часа во тригодишен период. Во делот на спроведување на акредитирани обуки за наставници во основните училишта во текот на 2023 година спроведени се 18 обуки со кои се опфатени 13.744 наставници односно 73 % од вкупниот број на наставници во основните училишта. Притоа треба да се земе во предвид дека Бирото нема направено анализи колку обуки посетил еден наставник ниту пак се вршат анализи за времетраењето во часови на овие активности.

Како резултат на ова со реализираните обуки за наставници од основно училиште не се опфатени сите наставници, а со доставената документација не ни беа презентирани докази дека се реализираат законски планираните 40 часа акредитирани обуки во текот на 3 годишен период“, додава ДЗР.

Дополнително, во врска со реализација на истата согласно направени проекции од страна на стручните служби, во буџетот на Бирото е потребно да се предвидат најмалку 62.000 илјади денари за осумчасовна обука на наставниците и стручните соработници во основните училишта во Република Северна Македонија. „Со увид во финансиската документација утврдивме дека за оваа намена во буџетот на Бирото за 2023 година обезбеден е износ во висина од 5.940 илјади денари односно само 9,5% од потребните средства. Најголемо учество во реализацијата на овие активности е спроведено од страна на проектната единица на Светска банка која функционира во рамките на Министерството за образование и наука преку која во текот на 2023 година реализирани се средства во износ од 37.114 илјади денари“.