
Дејан Манасков не се враќа во репрезентацијата
Македонскиот ракометен репрезентативец, Дејан Манасков, се огласи на социјалните мрежи по повод неговото евентуално враќање во националниот тим.
Македонскиот ракометен репрезентативец, Дејан Манасков, се огласи на социјалните мрежи по повод неговото евентуално враќање во националниот тим.
„Почитувани, Би сакал да ја информирам цела македонска јавност и сите медиуми дека во моментов, за доброто на националниот тим, нема да настапувам за македонската ракометна репрезентација. Ќе бидам искрен и краток во моето обраќање и објаснување на одлуката. Во изминатите единаесет години, колку што настапував за македонската селекција, секогаш со чест и гордост го носев светиот дрес.
Се борев и настапував секогаш со цело срце. Моите односи со селекторот Кирил Лазаров се нарушени и не гледам простор во моментов истите да се подобрат. Последните две години неправедно бев неповикуван.
После сè што дадов, чувствувам дека Македонија премногу лесно се откажа од мене. Тоа премногу ме погоди и после долго размислување ја донесов оваа одлука. Им посакувам многу среќа и успех на репрезентативците во следниов период. Дотогаш ќе бидам ваш најголем навивач и поддржувач. До некое следно видување Македонијо!“, порача Дејан Манасков.