По седум години во бегство, на граничниот премин „Деве Баир” на влез во Македонија од Бугарија на македонските власти им се предаде Дејан Давидовски – Дешо, објави Канал 5 телевизија.
Тој беше баран со меѓународна потерница за настаните со упадот во Собранието од 27 април.
Тој е осомничен за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
Давидовски пред 5 години беше уапсен во Шведска, но потоа и ослободен од шведскиот Врховен суд кој го одби барањето на Македонија за негова екстрадиција.