Членот на Клубот за македонско-бугарско пријателство и иницијатор за заедничка бугарско-македонска историска комисија во сенка која ќе работи паралелно со постојната комисија за историски образовни прашања – Стефан Дечев беше вечерва гостин во емисијата Трилинг.
На почетокот на разговорот за моменталната политичка ситуација во Бугарија.
-Јас мислам дека нема да биде мудро ако начелно се отфрли посредништвото на Франција, бидејќи сепак зборуваме за еден авторитетен член на ЕУ, зборуваме за едно важно претседателство, како што е сегашното француско претседателство и зборуваме за авторитетна фигура како претседателот Макрон кој тукушто доби втор мандат и претпоставувам дека тоа му дава шанса повеќе да маневрира, да има поголем простор и да го направи неопходното како при секое посредништво , да бидат задоволни во максимален степен како македонските, така и бугарските изгледи и интереси, рече Дечев.
-Мислам дека претстои бугарскиот претседател да размисли и да одговори на една можност за подобно француско посредништво и тоа лично на претседателот Макрон.
Во однос на тоа дали е можно да се случи најавата на Радев бугарските граѓани да одлучат за македонското прашање на референдум, Дечев смета дека тоа е тактички маневар на Радев и дека да се одлучува на референдум за такво прашање единствено што може да донесе е да се зголеми политичката температура, да се крене емоционалното ниво, да се активираат националистичките гласови и во Бугарија и во Македонија, а ништо нема да помогне за решавањето на пријателството, добрососедството и добрите односи меѓу Скопје и Софија.
Колку палењето на клубот во Битола го крева ектремизмот и го поттикнува национализмот и што мисли Дечев за тоа? Гледајте во видеото подолу: