
Четворица малолетници од Струмица малтретирале врсник, насилството го снимале и го објавиле на социјалната мрежа „Тик-Ток“.
Таткото на малтретираното дете пред два дена пријавил во полиција и според неговото кажување матретирањето се случило пред околу една недела.
-По пријавување на настанот, од страна на полициски службеници од СВР Струмица се преземени мерки за негово расчистување и во ПС Струмица се повикани инволвираните малолетници, со кои се извршени службени разговори во присуство на нивните родители. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и Центарот за социјални работи Струмица. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок по Закон за правда за децата – соопшти МВР.