Дете загина при пад од 15 кат од зграда во Тузла

Едно дете почина вечерва откако паднало од 15-ти кат од станбена зграда во населбата Слатина во Тузла, соопшти полициската управа МУП на кантонот Тузла.

Како што јавува Срна, во 19 часот и 40 минути полицијата добила повеќе пријави од граѓани дека од стан на 15 кат паднало дете.

Аднана Спречиќ, портпарол на Полициската управа на кантоналниот МУП, изјави дека на местото на настанот излегла Итната медицинска помош на Здравствениот дом во Тузла и дека дежурниот лекар констатирал смрт на детето.

Таа изјави дека на местото на настанот излегле и припадниците на секторот за криминалистичка полиција кои вршат увид под надзор на дежурниот кантонален обвинител, пренесоа федералните медиуми.

Истрагата е во тек.