Детектор анкета: Третина од граѓаните размислуваат да се иселат од државата

Третина од граѓаните планираат да се иселат од државата, покажува последната анкета која за
Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според неа, 30% од анкетираните размислуваат или некогаш размислувале да си заминат од
Македонија. 64,8% изјавиле дека не размислуваат за иселување.

Загрижува податокот што кај младите до 30, па и кај оние граѓани до 40 годишна возраст,
процентот на оние кои размислуваат за иселување се ближи до 50%.

Анкетата на ИПИС покажува дека 45,3% од младите до 29 годишна возраст размислуваат за
иселување. Кај возрасната група од 30 до 39 години, 44,3% размислуваат или некогаш
размислувале да си заминат од Македонија.

Како расте возраста на анкетираните граѓани овој процент се намалува. 33,2% од граѓаните меѓу
40 и 50 години размислуваат за иселување. Интересно е што 28,1% од оние кои се меѓу 50 и 59
години планираат да си заминат од Македонија. Кај граѓаните над 60 години интересот за
иселување очекувано паѓа на 9,8%.

Близу две третини од граѓаните имаат некој близок кој веќе се преселил во странство. Според
анкетата, 60% од анкетираните изјавиле дека имаат некој близок кој веќе се преселил во
странство, додека 37,8% рекле дека немаат.

Најголем дел оние кои што имаат блиски кои се иселиле во странство живеат во севроисточниот
регион. Таму 80% од анкетираните имаат некој близок кој се преселил од Македонија. На
југоистокот 71,2% имаат блиски иселени во странство. Најмал процент на луѓе кои рекле дека
имаат блиски кои се иселиле од Македонија живеат во Скопје.

Повеќе од половината од граѓаните сепак сметаат дека немаат шанси да си заминат од
Македонија. 54,5% од граѓаните на скалата од 1 до 5 веројатноста да се иселат од Македонија ја
оцениле со единица.

Истражувањето на јавното мислење за потребите на емисијата Детектор го направи Институтот за
политички истражувања – Скопје (ИПИС) на репрезентативен примерок од 1.119 испитаници
преку телефонска анкета реализирана во периодот од 23 до 26 декемвр