
Детали за упадот на натпреварот Брегалница-Штип по што две деца завршија во болница
Како што информира Министерството за внатрешни работи, лицето А.А. (43) од Скопје, родител на фудбалер од ФК „Шкупи“, влегол на теренот и им нанел повреди на двајцата малолетници. Тие биле веднаш пренесени во Клиничката болница во Штип каде им е укажана медицинска помош.
На игралиштето „Бело Брдо“ во Штип, за време на младински фудбалски натпревар меѓу екипите на ФК „Брегалница“ од Штип и ФК „Шкупи“ од Скопје, се случил тежок инцидент во кој родител на играч од скопскиот тим физички нападнал двајца малолетни фудбалери од домашната екипа.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, лицето А.А. (43) од Скопје, родител на фудбалер од ФК „Шкупи“, влегол на теренот и им нанел повреди на двајцата малолетници. Тие биле веднаш пренесени во Клиничката болница во Штип каде им е укажана медицинска помош.
Напаѓачот бил лишен од слобода од страна на полициските службеници на СВР Штип, а за настанот бил известен и јавен обвинител. Надлежните органи преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следуваат соодветни кривични пријави.
(Видео) Две деца тешко повредени во тепачка на натпреварот Брeгалница-Шкупи