Детали за страшната сообраќајка во Република Српска – возачот на автобусот заспал, две лица загинаа

Истрагата по тешката сообраќајна несреќа во Требиње, во која две лица загинаа, а 13 беа повредени, не констатирала никаков технички дефект, ниту дефект на автобусот, ниту пак има знаци на кочење, па се претпоставува дека возачот заспал, изјави портпаролот на Окружното јавно обвинителство Требиње – Срѓан Вукановиќ.

Тој изјави дека повеќе детали за причините за несреќата најверојатно ќе се знаат по обдукцијата на телото на возачот, која ќе биде извршена утре во Бања Лука.

Да потсетиме, сообраќајната несреќа во која две лица загинаа, а 13 се повредени, се случи вчера кога автобусот што ги превезувал вработените во Основното училиште „Георги Стојков Раковски“ од Бања Лука удрил во рид, а потоа во камен ѕид.

Повредените се сместени во болницата во Требиње, а еден тешко повреден пациент со хеликоптер од болницата Требиње во Универзитетскиот клинички центар на Република Српска во Бања Лука.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lokoportal (@lokoportal)