Детали за синоќешните пукотници на „Пластичарска“ – еден од повредените починал на скопските клиники

Масовна тепачка која прераснала во престрелка со употреба огнено оружје се случила ноќеска на популарната „Пластичарска“ улица во Скопје.

Според првичните информации, повредени се три лица, едно од нив починало на скопските клиники, потврдуваат извори од Министерството за внатрешни работи.

Неофицијално во полицијата најпрво во 23.40 часот е пријавено дека на бул. Никола Карев има пукање каде има повредени лица.

Во 23.45 часот е пријавено е дека едно лицето Т.А. со повреди од огнено оружје е пренесено во ГОБ „Наум Одридски“.

Во 23.51 часот од Ургентен Центар е пријавено дека кај нив се донесени две лица, исто така со повреди од огнено оружје.

Се работи за лицата О.Б. и А.И. од Скопје.

Во 00.45ч од Ургентен Центар е пријавено дека лицето А.И. е починат, инаку наводно се работи за познат пејач.