Деспотовски: Предноста на опозицијата на анкетите е последица на тешки одлуки, но и грешки на власта
Предноста на опозицијата на анкетите е резултат на тешки одлуки кои се преземени во изминатите пет-шест години и на пропусти направени од актуелната Влада. Вака изјави Јован Деспотовски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
„Затоа и споменав, не е толку важно кој ќе биде дел од новата коалиција колку што е важно да се договориме кои се тие вредности и што е тоа што ќе го презентираме како програма и кои се лицата кои ќе застанат позади таков тип на програ“, вели Деспотовски кој беше и кандидат за претседател на СДСМ.
Тој додава дека бројките од анкетите не го плашат, бидејќи како што вели „јас сум борец по природа.“
„Состојбата е реална. Сега дали бројките се токму такви и реално го одразуваат од аспект на претцизно пресечено, со она што е расположение на гласачите, секако не, трендовите се тие, меѓутоа она што верувам дека е така е тоа што СДСМ ќе ја направи повторно идната Влада“, додава Деспотовски.