Деспотовски поднесе оставка од директор на ТИРЗ, апанажа нема да бара

Јован Деспотовски денеска поднесе оставка од функцијата директор на ТИРЗ. Притоа најави дека нема да бара апанажа.

– Немав никаков притисок од политичкиот опонент. Имам мандат до декември, но има нова политичка реалност. Ова што кулминираше деновиве, бара мој целосен ангажман, рече Деспотовски на брифинг со новинарите.

Деспотовски на брифгнгот ги соопшти бројките од се што е сработено во ТИРЗ за време на неговиот мандат.

Иако сè уште лут дека, што како што кажа, викендот околу 13 илјади пријавени членови не успеале да гласаат за нов претседател на СДСМ за што и тој беше кандидат, а победи Венко Филипче, сепак најави дека во периодот што следи ќе се посвети на зголемен политички ангажман во партијата.