Според Јован Деспотовски – кандидат за нов лидер на СДСМ, погрешна е дилемата дали се оправдани повеќе или помалку министерства во владата.
Тој смета дека со ова се отвораат врати за нови вработувања во јавниот сектор.
Ако да, СДСМ треба односно требаше да побара со новите закони:
1. да се регулира статусот на сите оние што се на договор или на
определено, а кои сега стравуваат за своите работни места (такви имаме
навистина многу)
2. да се ограничат сите нови вработувања и
3. да се побара одговор дали и како со новите институции граѓаните ќе добијат подобра услуга од државата.
– Со мудар пристап секогаш можат да се заштитат и граѓаните и јавниот интерес, потенцира Деспотовски.