Во поплавите во Италија, 10 лица загинаа, а најмалку четири се водат како исчезнати, соопштија тамошните власти.
Десетици луѓе мораа да бараат засолниште на покривите или на дрвјата и да чекаат да бидат спасени поради поплавите предизвикани од обилните дождови.
Поројните води ги поплавија гаражите и подрумите и ги урнаа вратите, автомобилите беа носени и фрлани еден врз друг, а некои ниви во близина на морето беа неколку метри под вода.
Околу 1.300 жители на градот останаа без вода за пиење поради поплавите.
Премиерот Марио Драги им се заблагодари на спасувачите за професионалноста, посветеноста и храброста.
Официјални претставници рекоа дека околу 50 лица побарале третман во болниците поради повреди.
За неколку часа, во таа област падна количина дожд што вообичаено се добива за шест месеци.