Републиканскиот гувернер на Флорида, Рон Десантис, официјално ќе влезе во трката за претседател на САД во 2024 година и тоа следната недела, според извори запознаени со одлуката, пренесува Ројтерс.
Со тоа веднаш ќе стане најголемиот ривал на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за републиканската номинација.
Според еден извор, Десантис најверојатно ќе ја поднесе и објави својата кандидатура на 25 мај што ќе се совпадне со донаторски состанок во Мајами, неделата на 29 мај.
Поранешниот американски претседател Трамп ги засили своите политички напади врз гувернерот на Флорида во последниве недели и го задржа водството во прелиминарната трка за републиканците во 2024 година, според неодамнешната анкета на Ројтерс/Ипсос.