Депресивна Американка со години „се шверцувала“ по авиони
Американка со години успевала да се качи во авиони, ама без билет.
Вчера таа е осудена на 3,5 години затвор за случај од 2019 година, кога била фатена на аеродромот во Чикаго.
Извесна Мерилин Хартман (71) од САД се изјаснил виновна за измама и избегнување електронски надзор на кој била подложена во психијатриска болница.
Таа добила 18 месеци за прекршокот и 2 години за бегство. Во замена за признавање на вината, обвинителите се согласиле да ја ослободат од обвиненијата за други дела. Казната нема да ја одлежи бидејќи во неа спаѓаат и двете години електронски надзор в болница, иако ги избегнала, па сега ќе продолжи со лекувањето.
Таа со години успевала да се качи на авиони во Чикаго, до Копенхаген, Париз, Сан Франциско, Хаваи, Флорида и други места без билет.
Хартман се извини на суд, велејќи дека со години се бори со депресија.