![](https://triling.mk/wp-content/uploads/2023/05/makedonski_jazik-1024x681-1-750x430.png)
Денот на македонскиот јазик прославен низ училиштата, библиотеките и културните установи низ државава
Петти мај е годишнината од усвојувањето на азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо од страна на Народната влада на Народна Република Македонија во 1945 година. Овој ден се одбележува како Ден на македонскиот јазик од 2019 година со одлука на Владата.
За одбележување на овој ден многу училишта, библиотеки и културни установи низ земјава денес организираа манифестации за промоција на јазикот, но и за доближување на македонската литература до најмладите.
НУКЦ „Кочо Рацин“ од Кичево, заедно со СОУ „Мирко Милески“ организираа голем музичко-сценски настан за долововуање на времето од создавањето на збуката од страна на великаните, па се до современиците.
Во Националната универзитетска библиотека денот се одбележа со изложба на ракописи од познати македонски поети како Ацо Шопов и Гане Тодоровски, а осврт за јазикот даде професорката Славица Велева.
Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид имаше богата програма за одбележување на Денот на македонскиот јазик каде што беа имаше изложба на дела од Фондот на библиотеката, беа претставени документари филмови за Конески и за „Тешкото“, а со свои рецатал посветен на македонскиот јазик се претставија и ученици од ООУ „Св. Наум Охридски“ од Пештани.
Во Центарот за култура во Гостивар пак се читаа есеи за македонскиот јазик и се изведуваа песни од познати македонски автори.
На овој начин училиштата и културните институции се обидоа да го приближат македонскиот јазик и неговото значење на најмладите и идните генерации кои треба да го научат и чуваат јазикот како најважно културно наследство.