Денес е 1-ви април, Денот на шегата

Денес е први април, денот на шегата. Во најразлични земји од светот, Денот на шегата секоја година се слави на 1 април.

1 Април не е национален празник, но секаде се прославува како ден кога се прават разни шеги.

Овој ден го одбележува присуството на шеги, трикови, лаги.

Традиционално, во некои земји како Канада, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и Јужна Африка, шегите траат само до 12 часот и некој кој прави трикови после пладне го нарекуваат „Априли-ли-ли“ и го исмејуваат.

Во други земји како Франција, Италија, Јужна Кореја, Јапонија, Русија, Холандија, Германија, Бразил, Ирска, Австралија и САД шегите траат цел ден. Во Франција и Италија децата ( и возрасните, кога е соодветно) традиционално на грбовите еден на друг си лепат риби од хартија (на француски „Poisson d’avril! “ a на италијански „Pesce d’aprile!“).

Многу писатели веруваат дека Денот на шегата потекнува од таму, бидејќи оние луѓето кои ја прославувале Нова Година на другите датуми ги исмевале оние кои ја прославуваат на први јануари.

Една од првите регистрирани првоаприлски шеги била во 1713 година,кога автор на Гуливеровите патувања Џонатан Свиф, објавил дека на 1 април еден од погубените криминалци ќе се врати од мртвите за да се напие пиво во локалниот паб. Тој ден пабовите биле преполни со луѓе што дошле да го видат „мртовецот како консумира пиво.