Денеска средба Лавров – Дендиас во Москва

Никос Дендиас – министерот за надворешни работи на Грција во Москва ќе се сретне со неговиот руски колега – Сергеј Лавров, а разговорите ќе се фокусираат на безбедноста во Европа, ситуацијата во Источна Европа и во Источниот Медитеран, соопштува грчкото МНР.

Ова е трета посета на Дендиас на Русија во изминатите две години, а портпаролот на грчкото МНР Александрос Папајоану на брифинг со новинарите минатата седмица рече дека на средбата ќе се разгледаат низа теми поврзани со билатералните односи, но и регионални прашања и истакна дека Грција е земја членка на НАТО и Европската Унија, но нејзиниот став е дека особено важно е одржувањето канали на комуникација со сите соговорници и додаде дека Русија ја сметаат „за клучен и составен дел на европската безбедносна архитектура“.