Денеска Регулаторна ќе објави нови цени на горивата
Денеска Регулаторната комисија за енергетика ќе објави нови цени на дизелот и на бензините. Минатиот понеделник Регулаторна одлучи да ја зголеми цената на дизелот за 14,5 денари, а на бензините за пет.

Имајќи го предвид движењето на цените на нафтата на светските безри и повисокиот курс на доларот во однос на денарот, се поизвесно е дека ќе бидат повисоки.
Блокадата на Ормускиот Тесец и скокот на цената на нафтата на над 100 долари за барел, ја одбележа неделата што измина.
Во случај на драстично зголемување на цените, од владата најавија намалување на ДДВ-то од 18% на 10%, а потоа и на 5% доколку за тоа има потреба, следејќи го движењето на цените на берзите.