Денеска одлука по барањето за амнестија на обвинетите за случајот „Организатори на 27 април“

Основниот Кривичен суд Скопје денеска треба да донесе одлука по мислењето дадено од Јавното обвинителство за примена на Законот за амнестија за обвинетите за случајот „Организатори на 27 април“ - ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристески, како и поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски. Мислењето доставено на претходното рочиште во декември лани, не се однесува за а поранешниот директор на УБК, обвинетиот Владимир Атанасовски.

Основниот Кривичен суд Скопје денеска треба да донесе одлука по мислењето дадено од Јавното обвинителство за примена на Законот за амнестија за обвинетите за случајот „Организатори на 27 април“ – ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристески, како и поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски.

Мислењето доставено на претходното рочиште во декември лани, не се однесува за а поранешниот директор на УБК, обвинетиот Владимир Атанасовски.

Во доставеното мислење до Основниот кривичен суд Скопје од ОЈО ГОКК за примената на Законот за амнестија во случајот „Организатори на 27 април“, се истакнува дека барањето на одбраната на обвинетите за примена на законот не може да се спори, особено ако се земат предвид обвинетите и осудените што веќе се амнестирани.

Како што соопштија тогаш од Обвинителството, мислењето е донесено врз основа на ставот на Стручниот колегиум на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, по напатствија на Апелацискиот суд Скопје. Дополнуваат дека ваквото мислење јавниот обвинител детално го образложил, пред сѐ имајќи ги предвид обележјата на кривичното дело „Терористичко загрозување на уставниот поредок“ и својството во кое секој од обвинетите ги исполнил тие обележја, а кое својство е клучно за оценка дали може или не може да се примени институтот од Законот за амнестија.

– Обвинетите бараат примена на овој закон, кое нешто како уставно право секако им припаѓа, да се повикаат на примена на институтот кој е отелотворен во донесениот закон за амнестија. Оттука барањето на одбраната за примена на законот, за нивен еднаков третман пред законот како и останатите осомничени и обвинети кои добија амнестија врз основа на истиот закон е нешто кое не може да се спори, стои во произнесувањето.

Оттаму дополнуваат дека почитувајќи ги законските одредби и имајќи ги предвид ограничувањата при примената на законот, обвинителството темелно ги образложило причините за своето мислење со кое наоѓа дека кај тројца од обвинетите законските одредби налагаат амнестија, додека кај еден обвинет не може да се примени овој правен институт, бидејќи за истиот важат исклучоците од амнестијата која ја дал законодавецот со своето законско решение.

Претходно и обвинетите кои се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, поднесоа барање до Основниот кривичен суд да одлучи по поднесокот за амнестија без да се изведуваат материјални и вербални докази.

Претседателот на Судечкиот совет, судијата Илија Трпков, тогаш информираше дека во поднесокот обвинетите навеле дека потребно е Судот да донесе решение за примена на Законот за амнестија, бидејќи веќе има воспоставено таква пракса, односно Кривичниот совет во 2018 година има донесено решение за амнестија во тек на главна расправа, во фаза на доказна постапка, каде не се чекало завршување на доказната постапка.

Апелацискиот суд во април минатата година ја укина првостепената пресуда од јули 2021 година, со која поранешниот спикер Вељаноски беше осуден на шест и пол години затвор, екс министрите Јанакиески и Ристовски добија казна од 6 години и три месеци затвор, додека поранешниот директор на УБК Атанасовски шест години затвор, и предметот го врати на повторно судење.

Процесот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Искра Хаџи Василева.