Со мечевите од последното коло во Е и Ф групите, ќе биде заокружена групната фаза, по што ќе бидат познати сите осминафинални двојки на Европското првенство.
Денот почнува од 18 часот со натпреварите од Е групата во која сите четири репрезентации имаат по три бода од првите две кола.
Белгија ќе игра против Украина, а Словачка со Романија.
Табелата во моментов ја креира гол разликата, а во неа најдобра е селекцијата на Романија, следуваат Белгија, Словачка и Украина.
Од 21 часот Португалија која веќе го обезбеди првото место, ќе се сретне со Грузија на која ѝ е потребна победа за место во осминафиналето.
Другиот дуел е мечот меѓу Турција и Чешка. На Турците во прилог им оди и реми за да ја задржат втората позиција, за Чесите единствена опција е победа.
Распоред на денешните мечеви на ЕП:
18:00 Словачка – Романија
18:00 Украина – Белгија
21:00 Чешка – Турција
21:00 Грузија – Португалија