Денеска и утре во Скопје авионска дезинсекција против комарци

Утрово над Скопје надлетуваше авион за дезинсекција против возрасни форми на комарци, а Градот Скопје најави дека прскањето ќе продолжи и утре.

Утрово над Скопје надлетуваше авион за дезинсекција против возрасни форми на комарци, а Градот Скопје најави дека прскањето ќе продолжи и утре.

-Согласно добиено известување од Град Скопје – Сектор за Kомунални Работи, Регионалниот Центар за Управување со Кризи – Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на ден 31.05. и 01.06.2025 година во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни во ист термин, информираат од РЦУК.

Апелираат до пчеларите навремено да ги преземаат потребните мерки за заштита на пчелите.