
Велика Сабота е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста.
Велика сабота е денот пред Велигден, и претставува последниот ден од Страсната седмица во православната традиција.
Велика сабота го симболизира денот кога Христос е во гробот тишина, тага, но и надеж за воскресението, премин од страдање кон радост. Велика Сабота е определена како ден за чување на гробот. Денеска верниците се крај Христовиот гроб, се поклонуваат пред Плаштеницата, на која е претставено телото Господово при погребението и положено во гробот.
Верниците одат во црква навечер, се пали свеќа и се чека полноќната литургија. Се носат велигденски јајца. Се подготвува празничната трпеза.
На полноќ, со објавата „Христос воскресе“, започнува прославата на Велигден – најголемиот христијански празник.
Велигден се слави три дена!