Денеска во Брисел средба на шефовите на дипломатиите на ЕУ и земјите од Западен Балкан

Министрите за надворешни работи на Европската унија (ЕУ) денеска во Брисел ќе се сретнат со шефовите на дипломатиите на западнобалканската шесторка, а со состанокот ќе претседава високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

Како што соопшти претходно Советот на ЕУ, состанокот ќе започне во 17:30 часот.

Дипломатите на ЕУ се среќаваат со министрите за надворешени од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија по објавувањето на новиот годишен пакет за проширување и план за раст за Западен Балкан од шест милијарди евра за периодот од 2024 до 2027 година.

Пред тој состанок, министрите на ЕУ ќе разговараат за руската агресија врз Украина, односите меѓу Ерменија и Азербејџан, Израел и односите во регионот.

Ќе се разговара и за надворешнополитичката димензија на економската безбедност.