Дендиас е позитивен на Ковид-19

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас преку „Твитер“ соопшти дека е позитивен на Ковид-19, без симптоми и ќе ги откаже сите средби и патувања во следните денови.

-На рапид и ПЦР тестовите со кои секојдневно се тестирам, позитивен сум на Ковид-19. Останувам асимптоматски, но должноста ќе ја извршувам од дома и ќе ги откажам сите средби и сите планирани посети во други земји во следните денови, напиша Дендиас на „Твитер“.

Шефот на грчката дипломатија вчера учествуваше во Берлин на состанокот на министрите за надворешни работи во рамките на Берлинскиот процес, а оствари средби и со неговите колеги од Северна Македонија, Србија и Германија.