Демонстрации во Париз, полицијата реагира со водени топови
Противниците на епидемиолошките мерки воведени за да се спречи ширењето на инфекцијата со коронавирус се собраа ноќеска и рано утринава во предградијата на Париз.
Демонстрантите, според тамошните медиуми, пристигнале во конвои од цела Франција, со намера да влезат во Париз и покрај тоа што градските власти забранија блокади.
„Речиси 7.200 полицајци ќе бидат распоредени во следните три дена за да го спречат минувањето на конвоите“ – соопштија од париската полиција.
Полицијата ги пречека со оклопни возила и водени топови
Началникот на полицијата рече дека со десетици пајаци ќе ги отстрануваат автомобилите и ќе ја пробиваат секоја блокада.
Учесниците на протестот бараат укинување на задолжителната вакцинација и бројот на пропусници.