Демонстрации во Панама против зајакнувањето на американското воено присуство
Илјадници луѓе синоќа протестираа на улиците на главниот град на Панама против зајакнувањето на американското воено присуство околу Панамскиот канал, планот за отворање рудник на отворено и неодамнешните реформи во социјалната заштита.

Вашингтон на почетокот на април доби одобрение од Панама да распореди американски војници околу тој стратешки воден пат низ кој минува пет отсто од светската поморска трговија. САД и Кина се два главни корисници на каналот меѓу Атлантскиот и Тихиот океан.
Пред да ја преземе функцијата на 20 јануари, Трамп го зголеми притисокот врз Панама и се закани дека ќе го врати тој канал отворен во 1914 година, кој беше под американски суверенитет до 1999 година, сметајќи дека тој потпаднал под доминација на Кина.
Демонстрантите, студенти, наставници, работници, здравствени работници, климатски активисти, исто така, побараа од претседателот Раул Мулино да се откаже од својот план за повторно отворање на рудник за бакар на отворено, чија експлоатација беше прекината од суд во 2023 година.