Приватната резиденција на премиерот на Шри Ланка Ранил Викремесинге денеска беше запалена од гневни демонстранти, поради продлабочување на кризата во островската држава. Пред само неколку часа, демонстрантите влегоа во домот на претседателот барајќи оставка на Готабаја Раџапакса.
Демонстрантите уништуваа возила на премиерот.
„Демонстрантите упаднаа во приватната резиденција на премиерот Ранил Викремесинге и ја запалија“, соопшти кабинетот на премиерот.
Премиерот Викремесинге најави дека ќе поднесе оставка од функцијата за да обезбеди продолжување на работата на владата и за безбедноста на сите граѓани.