Демолирана и запалена канцеларијата на директорот во Студентскиот дом „Пелагонија“

Канцеларијата на директорот на Студентскиот дом „Пелагонија“ денеска е целосно демолирана и изгорена.

Настанот, како што информираат од тв Клан, се случил утрото денеска, додека сторителот, според неофицијални извори, бил поранешен вработен во оваа институција.

Лицето револтирано откако не му бил продолжен договорот, околу 10:30 часот влегло во канцеларијата на директорот на „Пелагонија“, прво ја демолирал канцеларијата со секира, а потоа ја запалил.