Демократскиот сојуз: Неодговорноста и лакомоста за пари ја изгореа Универзалната сала

Демократскиот сојуз бара темелна истрага за причините за пожарот во кој изгоре Универзалната сала, еден од симболите на Скопје.

„Тука во оваа сала се градеа илјадници музичари, актери, фолклористи и безброј други уметници, но негрижата на власта и лакомоста за провизии и пари ја изгореа истата.

Обидите за релативизирање на последиците од пожарот,дека истата е осигурана,дека металната конструкција е во ред итн,се само обиди за замаглување на одговорноста.

Демократскиот сојуз бара да се направи детална истрага и за тендерската постапка за избор на изведувачот на реконструкцијата на салата,потоа како е избрана фирмата која треба да врши надзор, колку се спроведувале заштитни мерки за превенција од пожар и друг вид на хаварии и слично.

Овој пожар само ја отслика неодговорноста и хаосот во државата во кој не внесе власта на СДСМ и ДУИ“, велат од Демократскиот сојуз.