Демократскиот сојуз на Косово ќе достави докази до обвинителството за кривични пријави против Курти и 16 министри

Претседателот на Демократскиот сојуз на Косово (ДСК), Љумир Абдиџику, најави дека денеска ќе ја достави одлуката на Врховниот суд на Косово, која утврди дека истовременото вршење на функциите пратеник и министер е незаконско, како доказ до Специјалното обвинителство на Косово.

ДСК претходно поднесе кривични пријави против косовскиот премиер Албин Курти и 16 министри.

Во објава на Фејсбук, Абдиџику потсети дека ДСК поднела 17 кривични пријави до Специјалното обвинителство во врска со ова прашање, но оти, според него, обвинителството побарало дополнителни докази.

– Оваа држава и ова општество ги плаќаат, ги одржуваат и, пред сè, им ја доверуваат заштитата на законите. Нека има правда за сите, напиша Абдиџику, додавајќи дека за овој развој на настаните ги известил и амбасадорите на земјите од Квинтата.

Тој истакна дека ДСК очекува меѓународна поддршка за одбрана на демократијата и законитоста на Косово, додека истовремено не очекува ништо од оние кои „не знаат дали се министри или пратеници“, но од Обвинителството очекува „конкретно дејствување“.