Предмалку на прес-конференција министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија.
„Денеска ќе го разрешам медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, д-р Данил Петровски“ – рече министерот за здравство Илир Демири на прес-конференцијата.
Тој за економската директорка Бесија Иљази рече дека нема сознанија за прекршок.
На прашање какво образование има Иљази, тој рече дека има високо образование, но не знае какво.
Иљази беше назначена на 14 февруари, на ден пред формирање техничката влада, а вработените реагираат дека била поставена иако не ги исполнува условите пропишани со закон за директори.