Дел од горивата се намалуваат, дел поскапуваат
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, изнесува 89,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, изнесува 91,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ- 1), се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 103,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 98,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,886 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 51,034 ден/кг.