Дел од администрацијата утре на протест ќе бара поголеми плати

Според синдикатот УПОЗ, Министерството за финансии не одобрило средства за зголемување на платите, што дополнително ја продлабочи кризата. „Штрајкот ќе трае до исполнување на барањата,“ изјави претседателот на синдикатот, Трпе Деаноски.

Незадоволството од ниските примања ги принуди дел од административните службеници на штрајк и протест. Вработените во Државното правобранителство, кои штрајкуваат од 8 јануари, бараат зголемување на платите за 30% и донесување на Закон за државно правобранителска служба, што ќе ги регулира нивните обврски и права.

Според синдикатот УПОЗ, Министерството за финансии не одобрило средства за зголемување на платите, што дополнително ја продлабочи кризата. „Штрајкот ќе трае до исполнување на барањата,“ изјави претседателот на синдикатот, Трпе Деаноски.

На протестот закажан за утре, 14 јануари, ќе се приклучат 4000 вработени од неколку министерства, како и од Државниот архив и Заводот за статистика. Додека трае штрајкот, вработените ќе извршуваат само итни задачи, предупредуваат од синдикатот.

Од Владата велат дека барањето за зголемување на платите е надвор од можностите на буџетот. „Такво зголемување би довело до дисбаланс и проблеми во функционирањето на институциите,“ велат од таму, додавајќи дека се отворени за дијалог.

Синдикатите, пак, нагласуваат дека политичарите со години го игнорираат нивното барање за фер примања и подобри услови, што дополнително го продлабочи револтот кај административците.

Извор: Рацин