Делови од Холаднија воведоа забрана за огномет пред празниците

Четиринаесет општини во Холандија, вклучувајќи го главниот град Амстердам, воведоа забрана за употреба на огномет во пресрет на новогодишните празници поради безбедност.

Некои од холандските општини одлучиле да воведат забрана за огномет поради потенцијални штети кои би можеле да ги предизвикат, пренесуваат холандските медиуми. Такви мерки ќе бидат воведени, меѓу другите, во градовите Амстердам, Ротердам, Шидам и Харлем.

Околку 70 општини, исто така, ќе воспостават зони без огномет во близина на училишта, домови за стари лица и цркви, наведува изворот. Градовите и други места каде што е забранет огномет намето тоа ќе организираат светчосни прокеции во текот на празниците.

Во текот на изминатите две години, холандските власти мораа да прогласат продажба и употреба на огномети низ земјата во оли на дочекот на Нова Година поради големото оптоваерување на болниците во текот на пандемиајта со Ковид.