Дедо (79) шест години сексуално ја злоставувал својата малолетна внука

По завршувањето на истрагата, Вишото јавно обвинителство во Сплит пред Општинскиот суд во Сплит поднесе обвинителен акт против 79-годишен хрватски државјанин.

Маж (79) е обвинет за низа кривични дела извршени над неговата малолетна внука. Се се одвивало во период од шест години во куќа во сплитско-далматинската општина, пишува Index.hr.

Мажот се товари за тешко кривично дело сексуална злоупотреба и експлоатација на дете, сексуална злоупотреба на дете кое не наполнило петнаесет години, тешко кривично дело против полова слобода и развратни дејствија.

Во обвинителниот акт се наведува дека горенаведените кривични дела пријавениот ги извршил од неутврден ден во мај 2012 година до 28.06.2015 година, а потоа од 29.06.2015 година до 06.05.2018 година.