
Млада девојка од Тетово се здоби со тешки телесни повреди откако падна од балкон на станбена зграда во градот.
Инцидентот се случи синоќа околу 18:40 часот, а случајот веднаш беше пријавен во полиција.
Според информациите од СВР Тетово, екипите на Итната медицинска помош први пристигнале на местото и констатирале дека девојката паднала од балкон.
Поради сериозноста на повредите, 20-годишната девојка е итно транспортирана на понатамошно лекување во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Полицијата изврши увид на местото на несреќата, а истрагата е во тек.