Девојка се качила врз вагон во Маџари, па добила струен удар

Несреќа се случила во скопско Маџари, на железничката станица.

Медиумите јавуваат дека 17 годишна девојка со изгореници по грбот и нозете била итно донесена во Ургентниот центар, откако било пријавено дека добила струен удар од жиците поставени над вагон од воз.

Според тв Канал 5, девојката била качена на еден од вагоните на железничката станица во Маџари каде дошло до струен удар при што се здобила со повреди. На местото на настанот пристигнале полициски службеници.

Истрагата се уште е во тек, а според неофицијалните информации, девојката се качила на вагонот за да снима Тик Ток видео.