Девојка е спасена по 200 часа поминати под урнатините

Мине Акгул, 26-годишна девојка е спасена денеска откако поминала над 200 часа под урнатините по земјотресот во Турција, јавуваат турските медиуми.

„Веднаш ги алармиравме сите, ангажирани се спасувачките екипи и потрагата. Беше тивко, одевме чекор по чекор. Веднаш ја завиткавме во термо ќебе и сега е во болница” – изјавил еден од учесниците во операцијата.