Девет Македонци ќе настапат на турнирт на Европската пинг-понг федерација

- Ова е уште еден предизвик за најмладите пинг-понг надежи, а учеството е дел од инвестирањето на Македонската пинг-понг федерација во младите кадри и иднината на спортот, соопштија од федерацијата.

Девет македонски пингпонгари од 26 – 30 ноември ќе настапат на Меѓународен турнир во Беочин, Србија

Сара Ризовска, Кристијан Каламадевски, Бојана Јовевска, Јован Пармачки, Матеја Смолиќ, Мартин Ристески, Давид Јоноски, Калина Митева и Кристијан Митев ќе настапат во категориите до 13 и до 15 години.

– Ова е уште еден предизвик за најмладите пинг-понг надежи, а учеството е дел од инвестирањето на Македонската пинг-понг федерација во младите кадри и иднината на спортот, соопштија од федерацијата.

Натпреварувањето во Беочин е дел од серија на Европската пинг-понг федерација.