Девет лица загинаа во верижен судир на автопат во Кина

Несреќата се случила околу 22 часот синоќа на автопат во градот Усу во префектурата Таченг, каде што повеќе возила се судриле едно по друго, пренесува Синхуа.

Девет лица загинаа, а седум се повредени во верижен судир на автопат во ујгурскиот автономен регион Синџанг во северозападна Кина, соопштија денеска локалните власти.

Несреќата се случила околу 22 часот синоќа на автопат во градот Усу во префектурата Таченг, каде што повеќе возила се судриле едно по друго, пренесува Синхуа.

Во несреќата учествувале пет големи возила и седум помали автомобили.