Осуммина, меѓу кои и три жени, искршиле сè во куќа на кавадарчанец – домаќините претепани

Осуммина влегле во куќа на кавадарчанец, искршиле сè, па ги нападнале домаќините. Меѓу напаѓачите три се жени.

Осуммина влегле во куќа на кавадарчанец, искршиле сè, па ги нападнале домаќините. Меѓу напаѓачите три се жени.

На 18/19.10.2025, во периодот од 22:05 до 01:25 часот во ОВР Кавадарци е извршен службен разговор со О.Ј.(45), 44-годишната Н.Ј., 41-годишната У.Ј., 35-годишната Е.Ј,. А.Ј.(23), К.Ј.(25), Ш.Ј.(40) и С.С.(28), сите од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека ја скршиле влезната врата од домот на 40-годишен кавадарчанец, а потоа во домот, кршеле покуќнина, предмети за домаќинство и физички ги нападнале него и неговата сопруга.

По целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.