„Деветката“ од Мали слави прв роденден!
Прв роденден слави единствената „деветка“ во светот, од африканската држава Мали се уште згрижени во местото на нивното раѓање – клиниката во Мароко.
Бебињата веќе влегоа во Гинисовата книга на рекорди како најголем број на деца родени при едно породување, а сите преживеале.
Нивното раѓање беше на 4 мај 2021 година, а Владата на Мали ја однела мајката Сисе во Мароко на посебна грижа и нега.
Мајката и децата сега живеат во она што нивниот татко го опишал како „медицински стан“ во сопственост на клиниката „Аин Борја“ во Казабланка, каде што се родени бебињата.
Бебињата – пет девојчиња и четири момчиња – се родени во 30-тата недела и во моментот на раѓање тие тежеле меѓу 500 грама и 1 килограм
Пораѓањето било извршено со царски рез.
Момчињата се викаат Мохамед Шести, Оумар, Елхаџи и Бах, а девојчињата Кадидиа, Фатума, Хава, Адама и Оуму.