Деветгодишно дете почина на Детската клиника
– Детето е донесено на Одделот за детски болести во ЈЗУ Клиничка болница -Штип на 14 јануари во 18 часот во тешка општа состојба со засегната свест. Веднаш се реализирани биохемиски иследувања и КТ на глава и поради тешката состојба со медицинска придружба во 19 часот истиот ден детето е транспортирано до УК ДБ-Скопје, се вели во соопштението од Клиничка болница-Штип.
Деветгодишно дете почина на Детската клиника во Скопје, откако претходно дететото било донесено во тешка состојба од штипската болница.
Директорот на детската клиника Реџепи Мемеди вели дека дететото било донесено во неповратна состојба, претходно било болно, а имало и цревна инфекција, дехидрирано со ниски параметри, пренесе Канал 5.
Деветгодишното дете кое почина на Клиниката за детски болести во Скопје, во штипската Клиничка болница било донесено на 14 јануари, информираат денеска преку пишано соопштение од Клиничката болница-Штип.
– Детето е донесено на Одделот за детски болести во ЈЗУ Клиничка болница -Штип на 14 јануари во 18 часот во тешка општа состојба со засегната свест. Веднаш се реализирани биохемиски иследувања и КТ на глава и поради тешката состојба со медицинска придружба во 19 часот истиот ден детето е транспортирано до УК ДБ-Скопје, се вели во соопштението од Клиничка болница-Штип.
Инаку, според информациите од Клиничка болница-Штип, деветгодишното дете кое почина на Клиниката за детски болести во Скопје е од Општина Свети Николе.