Деблокирани се три украински пристаништа за транспорт на жито

Олексеј Гончаренко – пратеникот во Врховната Рада на Украина, соопшти дека за време на преговорите за извоз на жито, страните се договориле да деблокираат три украински пристаништа и да извезуваат производи од нив.

„Според моите информации, претставници на Украина, Турција, Русија и ОН се договориле за можноста за деблокирање на нашите три пристаништа за товарење за време на преговорите за продолжување на извозот на украинското жито преку Црното Море. Станува збор за Одеса, Чорноморск и Јужни“ – напиша Гончаренко на Телеграм.

Според него, житото се планира да се извезува од украинските пристаништа во конвои под услов „прекин на огнот во географските граници и некои операции за деминирање“.